Како напаѓачите на Јунајтед тренираа со врзани очи

Вејн Руни и неговите соиграчи од нападот на Манчестер Јунајтед се обидоа на тренинг да ја постигнат телепатската поврзаност, нешто што на некој начин го красеше некогашниот тандем Енди Кол и Двајт Јорк.

pokrieni-oci-500
На менаџерот Алекс Фергусон сите му завидуваа кога пред 14 години ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. Тогаш во нападот ги имаше фантастичните Двајт Јорк, Енди Кол, Теди Шерингам и Оле Гунар Солскјаер.
Одличната соработка на Јорк и Кол во нападот во тоа време многумина ја оценуваа како телепатска поврзаност на двајцата играчи.
Двајцата напаѓачи се сретнаа со тројца сегашни напаѓачи на Јунајтед, Вејн Руни, Хавиер Хернандез и Дани Велбек и воедно докажаа дека одлично се разбираат дури и со врзани очи.
Потоа на ред дојде Руни кој со врзани очи требаше да ги прифати центаршутот на Велбек.  Два пати Руни се посрамоти, водно насмевајќи ги соиграчите, а потоа сепак се извади и со волеј ја погоди мрежата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О