Во последните неколку часови во Париз владее вистинска паника поради дојава дека можна е експлозија во една од најпознатите туристички знаменитости во светот, Ајфеловата кула. Околу 1.500 туристи и вработени, вклучувајќи ги и лицата од обезбедувањето, биле евакуирани од кулата, откако непозната личност пријавила дека вечерва во оваа градба ќе се случи експлозија, пренесува "RT". Полициската истрага е се уште во тек, но засега не се пронајдени никакви сомнителни уреди или пакети.