Од овој април светот на видео игрите никогаш нема да биде ист. Барем така тврдат лидерите на американскиот бејзбол тим "Тhe Lehigh Valley IronPigs" кои смислија необична идеја. Станува збор за видео игра која ќе се лансира оваа пролет во тоалетите на стадионот "Coca Cola Park„.
„Нашите фанови секогаш бараат 'следна голема работа' и сигурни сме дека оваа игра е уште еден начин да им ја покажеме нашата посветеност и дека сакаме да им овозможиме незаборавно искуство, дури и во тоалетите", изјави менаџерот на тимот Курт Ландес.