Земјотрес во Кина загинаа 156 лица

Пекинг, 20 април - Бројот на жртвите од земјотресот што во саботата наутро ја погоди југозападната кинеска провинција Сечуан се зголеми на 156 лица, четири лица сé уште се водат за исчезнати, а околу шест илјади луѓе се повредени, пренесуваат кинеските медиуми повикувајќи се на локалните власти. Земјотресот чијашто магнитуда кинеските сеизмолози ја проценуваат на 7,0 степени по Рихтеровата скала, беше регистриран во саботата наутро во провинцијата Сечуан во југозападниот дел од Кина. Хипоцентарот на потресот бил на длабочина од 13 километри, а неговиот епицентар бил во областа Лушан во градскиот округ Ја'ан, 150 километри од административниот центар Ченду. Уточнувањето на точниот број на настраданите продолжува. Рано попладнето во саботата според 13-от канал на централната кинеска телевизија, бројот на загинатите изнесува 156 и 5.870 повредени. Претходно беше јавено за 124 загинати и околу три илјади повредени. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О