Казна за Жерновски од 7 500 евра за случајот со катната гаража на Никофонhttp://novatv.mk/newsimages/23262golema.jpg

Државниот управен инспекторат го казни градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски за нецелосно извршување на решение за градење катна гаража со глоба од 7.500 евра за случајот со катната гаража на Никофон. 


„Оваа одлука е донесена по 23 – та инспекција по ред од Државниот управен инспекторат во општината за овој предмет. Според одредбите од Законот за управна инспекција, глобата се движи од 7.500 до 15.000 евра, но по појавувањето на градоначалникот Жерновски во Инспекторатот, изготвен е платен налог од 7.500 евра. Казната, по порамнувањето, Жерновски треба да ја плати од свој џеб.

Граѓаните од околните згради кај Автомакедонија не сакаат барокна катна гаража на тој простор. Општина Центар, почитувајќи ги позитивните законски прописи, постапува по сите процедури кои нема да бидат на штета на граѓаните и на сопственикот на земјиштето. “ се вели во соопштението на општина Центар.

Жителите на трите згради на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, бр. 20, 22 и 24, цврсто остануваат на ставот дека на просторот пред „Автомакедонија“ не сакаат инвеститорот „Никофон“ да гради барокна катна гаража.

Центарци: Ќе платиме, само да не се гради катна гаража кај „Автомакедонија“

Денеска Жерновски остварил средба и со бизисменот Ристо Гуштеров, кој е сопственик на дел од гаражите на Водно кои се наоѓаат на патот до шестте атрактивни парцели, кои според медиумите и Гуштеров се сопственост на фирми и луѓе блиски до врвот на ВМРО – ДПМНЕ.

Жерновски го запознал Гуштеров со целокупната постапка која е следена со притисоци од Државниот градежен инспекторат и Државниот управен инспекторат за реализација на донесените решенија од Милан Пижула, градежен инспектор во времето на поранешниот градоначалник Владимир Тодоровиќ.

-На средбата е разгледана целокупната постапка на носење на решенијата . Ристо Гуштеров најави дека ќе побара поништување на решението за отстранување на гаражите кои се во негово владение. Тој го искажа својот, и ставот на жителите на населбата дека остро ќе се спротистават на реализација на намерата за урбанизација на тој дел на Водно.

Гуштеров нагласи дека на овој простор власта сака да исече 12.000 квадратни метри шума.
Службениците кои вчера дојдоа на терен да ги уриваат гаражите, се повлекоа по интервенцијата од општина Центар. Со полициска асистенција, на 07. 07.2015 година повторно ќе се пристапи кон извршувања на решенијата. “ се вели во соопштението на општина Центар.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О