Отчет: „Скопје 2014“, чини 207 млн. евра

Проектот „Скопје 2014" во својата дополнета верзија чини 207 милиони евра, објавија во понеделник министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска, досегашниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Васе Доневски.

Нагласија дека оваа сума подлежи на данок на додадена вредност, што значи дека околу 40 милиони евра се вратиле во Буџетот на државата, а дека секоја година од 2008 година наваму, трошоците за проектот во просек изнесувале 1,5 проценти од Буџетот.

Иако, транспарентниот отчет за чинењето на проектот „Скопје 2014" доаѓа само еден ден, откако заврши и третиот круг од гласањето на Локалните избори 2013, на кои досегашниот градоначалник на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ каде се реализираа поголем број од проектите од „Скопје 2014", изгуби, тие велат дека тоа нема никаква врска со нивната денешна отчетност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О