32 апликации со вирус најдени во Google App Store

Безбедносните истражувачи на Lookout пронајдоа 32 апликации во Google App Store заразени со вирус наречен BadNews. Малициозниот софтвер испраќа пораки на повикувачки броеви и има способност да хибернира неколку недели со цел да не не биде откриен.
Најголем замав вирусот зема во Источна Европа и Русија. И покрај силниот надзор, во Западна Европа и Северна Америка сепак постои можност тамошните хакери да направат реплика на BadNews.
Lookout вели дека е тешко да се утврди бројот на корисници кои се погодени од овој вирус пред Google целосно да ги повлече апликациите. Тие сметаат дека најчесто корисниците доброволно ги впишуваат повикувачките броеви во заразените апликации и ги повика повеќе да внимаваат каде го споделуваат овој податок.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О