Како „апсолутно скандалозна“ ја оцени бугарскиот премиер Марин Рајков картата на Турција што ја објави турскиот весник „Милиет“.
“Тоа е толку скандалозно, што дури не заслужува коментар од еден премиер“, вели Рајков.
Бугарскиот премиер појаснува дека нема намера да испраќа вербална нота поради картата.
„Не може една држава да реагира на пишувањата на некој весник“, категоричен е Рајков.
