Венецуелски диско-затвор

Во затворот "Сан Антонио" на островот Маргарита на северо-истокот на Венецуела има дискотека во која гостуваат стриптизети и во која затворениците имаат "слободен" влез.
Поради лошата ситуација во венецуелските затвори, во 2012 година починале околу 600 затвореници. Дискотеката "El Yate Club", е отворена во затворот Сан Антонио, а на отворањето присуствувале и пријателите и семејствата на затворениците, кои им пратиле специјални покани преку социјалните мрежи.
И покрај тоа што дискотеките се забранети во венецуелските затвори, министерката за затворскиот систем, Ирис Варела смета дека воведувањето на овие активности во затворите може да придонесат за намалување на насилството. Во некои затвори постојат и базени.

Според податоците на невладините организации, во венецуелските затвори минатата година имало 48.262 затвореници, иако максималниот капацитет на сите затвори во оваа земја изнесува 16.539 места.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О