Автомобилот кој го управувал Даглас Паркрст (62), со кој ја прегазил четиригодишната Кероли Ешби, сè уште стои превртен во дворот на неговата сестра, каде целосно изгнил.

Даглас Паркрст (62) во Њујорк е идентификуван како возачот кој пред 45 години побегнал од местото на несреќата, кога го прегазил 4-годишното девојче Сејди Кероли Ешби.
Сејди заедно со својата сестра и роднина преминувале улица во градот Фултон на Ноќта на вештерките во 1968 година, враќајќи се од продавницата каде купувале свеќи за 15-от роденден на нејзината сестра, кога на нив налетал автомобил и побегнал.
Благодарение на постот на еден пензиониран детектив на Фејсбук, откриен е човекот кој за време на испитувањето во текот на истрагата ја лажел полицијата и се криел од правдата повеќе од четири децении.
Паркрст, сепак не може да биде обвинет поради тоа што случајот е веќе застарен. Полицијата го уапсила кога се случила несреќата, бидејќи мислела дека бил вмешан во друга сообраќајна несреќа која се случила истата ноќ.
Случајот повторно станал актуелен, кога пензионираниот потполковник Рас Џонсон поставил детали од настанот на Фејсбук за историјата на градот Фултон.
Поранешна жителка на Фултон, која сега живее на Флорида, го видела постот и се јавила на полицијата со новите информации.
Полицијата после нејзината пријава, направила неколку разговори со Паркрст и тој конечно признал дека ноќта испил неколку пива се возел со својот брат кој спиел на задното седиште и дека во еден момент „прегазил нешто".