Неколку порции масна риба како скушата или лососот неделно, посебно во староста, можат да ви го продолжат животот за повеќе од две години! Како што покажува најновото истражување, омега 3 масните киселини, застапени во масната риба и во плодовите од морето, го штити срцето од ризик за смрт од срцеви болести за 35 одсто. Со тоа, севкупниот ризик за прерана смрт кај постарите лица е намален за 27 одсто.