меѓународната заедница најавувајќи дека повторно ќе ја покрене работата на нуклеарниот реактор што ја запре во 2007 година и покрај тоа што со резолуциите на Обединетите нации и' се забранува каква и да е нуклеарна програма.Севернокорејскиот режим, кој останува без слух за повторните повици од САД и Јужна Кореја, така ги продолжува актите со коишто ги провоцира и двете земји но и поширокиот регион откако во декември успешно лансираше ракета за која западот тврди дека е проектил со долг дострел додека Пјонгјанг тврди дека со неа во орбитата поставила метеоролошки сателит, а во февруари ја изведе третата нуклеарна проба.