Владата денеска на четири аукции се задолжи со 140 милиони евра, наместо, како што беше планирано, со 100 милиони евра.Издадени се шестмесечни записи со камата од 3,7 отсто, едногодишни обврзници со камата од 4,25 проценти, тригодишни обврзници со камата од 4,65 отсто и петгодишни обврзници чија камата е 5,15 проценти.
Според календарот на задолжувања, утре владата треба да ги исплати доспеваните за враќање 100 милиони евра.Останатите 40 милиони евра од денешната аукција ќе се прелеат во Буџетот.
Нето задолжувањето само во првите два месеца од годината изнесуваше 100 милиони евра, но сумата драстично ќе се зголеми откако ќе се додадат задолжувањата во март и овие 140 милиони евра сега. Во државни записи, заклучно со февруари, се врзани 905 милиони евра.