Миењето на забите по секој оброк е можеби основното правило за хигиената на вашата уста, но поради ситуациите кога тоа не е возможно, се случува четката за заби да ја користиме само по будењето и пред спиењето.
Меѓутоа, со одредени прехранбени навики можете да ги одржите вашите заби здрави и бели.
Пијте чај
Црниот и зелениот чај содржат полифенол, антиоксидант чија вредност е во тоа што намалува таложењето на наслагите на забите, и воедно ја намалува можноста за појава на кариес. Овие видови на чај исто така ќе го подобрат и вашиот здив, бидејќи го спречуваат развојот на бактериите.
Избегнувајте јаглехидрати помеѓу оброците
Една кеса чипс може да им штети на забите исто колку и едно парче колач. Сите јаглехидрати се разложуваат во едноставни шеќери кои се претвораат во бактерии, и притоа се заслужни за појавата на кариес.
Една кеса чипс може да им штети на забите исто колку и едно парче колач. Сите јаглехидрати се разложуваат во едноставни шеќери кои се претвораат во бактерии, и притоа се заслужни за појавата на кариес.
Пијте од цевка
Речиси сите сокови и енергетски пијалаци содржат цитрусна и фосфорна киселина кои ја уништуваат глеѓта на забите. Доколку пиете со цевка, пијалакот го внесувате директно во грлото, поради што ќе биде во минимален допир со забите.
Внесувајте повеќе витамин Ц
Витаминот Ц е еден од "најуниверзалните" витамини, и воедно го одржува здравјето на непцата. Оние кои дневно консумираат помалку од 65 милиграма витамин Ц, имаат поголеми шанси да ги разболат своите непца, од оние кои редовно консумираат производи кои го содржат овој витамин.
Конзумирајте најмалку 800 милиграми калциум дневно
Дури 99 проценти од внесениот калциум во телото влијае на забите и на коските. Тие кои конзумираат помалку од 800 милиграма калциум дневно, имаат поголем ризик од болести на забното ткиво. Калциумот помага забната коска да се одржи цврста, и што е најважно ги чува забите на нивното место.
