Управување со очите наскоро за секој Андроид

Првиот смартфон кој вклучува опции за управување со очите е популарниот Samsung Galaxy S IVкој ќе биде лансиран во продажба на почетокот на мај, но за да ги имате овие можности не треба да го купувате овој скап смартфон, туку да ја инсталирате апликацијата The Eye Tribe која наскоро ќе биде достапна за Android.


Овој софтвер е развиен од истражувачи на технолошкиот универзитет во Копанхаген и првенствено е наменет за таблети со оглед на тоа што тешко е да се управува голем екран на допир со двете раце. Преку The Eye Tribe ќе може да скролате со поглед или пак да користите команди со очите кога играте некоја игра.

Вакава слична технологија има развиено од компанијата Umoove од Израел, па затоа наскоро се очекува во Play Store да добиеме повеќе апликации кои ќе ги донесат овие новитети кај мобилните телефони кои ќе може во голема мера да се управуваат само со движењето на очите. The Eye Tribe планирано е да биде достапна за време на летото за сите смартфони и таблети со оперативен систем Android.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О