77-годишна баба со секс изнудила 4 милиони долари

Баба на возраст од 77 години изнудила четири милиони долари од 79-годишен старец во замена за сексуални и романтични услуги, а јапонскиот суд и’ наложи да му ги врати парите.


Како што пренесува AFP, жената во текот на седум години од мажот зела речиси 400 милиони јапонски јени на сметка како позајмица и ги искористила за купување луксузни автомобили и недвижности.

Судот во Шизуки во централна Јапонија заклучи дека жената немала намера да ги врати долговите. Жената користела ткн. „љубовна мрежа“ за да го убеди мажот да и’ позајми пари, а мрежата подразбирала стриптиз во хотелски соби и повици за заедничко туширање.

Двојката почнала да се гледа во јуни 2000 година, пренесува весникот Sports Nipon и додава дека жената постојано барала пари за кои велела дека и’ се потребни за да исплати друг маж за кој во спротивно би требало да се омажи.

Измамениот маж поради неа ја продал земјата којашто ја имал наследено и и’ позајмил пари. Се утврдило дека жената со тие пари купила луксузни автомобили како „јагуар“, BMW и „мерцедес“, како и луксузен стан. извор (мкинфо)

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О