Што политичарите си зборат "зад грб": Мислел дека микрофонот е исклучен, но...


Претседателот на Уругвај, Хосе Мујика, синоќа се посрамотил по навредливата мисла искажана на сметка на Кристина Кричнер, претседателката на Аргентина и нејзиниот покоен сопруг.

Непосредно пред почетокот на конференцијата за медиуми, мислејќи дека микрофонот не е вклучен, Мујика му прошепотил на својот колега: "Оваа стара вештерка е полоша од оној човек со криви очи!".
Магазинот "El Observador" аудио снимката ја објавил на својата официјална интернет страна. Мујика со овој невкусен коментар алудирал на претседателката Кричнер и нејзиниот сопруг Нестор, кој неочекувано во 2010 година починал од срцев удар.

Првиот човек на Уругвај не знаел дека микрофонот пред него веќе е вклучен, а објавената снимка на интернет страницата донела толку посети, па истата за кратко време била блокирана. Според официјалните информации, оваа интернет страница во својата историја не забележала толку многу посети. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О