Поп Христова: Барам само соодветен третман за Кили

Гордана Поп Христова сопруга на актерот Кирил Поп Христов кого полицијата го приведе со обвинување дека одгледувал марихуана во интервју за НОВА зборува за здравствената состојба во која моментално се наоѓа притворениот актер.

"За болеста на Киле знаеа малку луѓе, тој не сакаше сожалување и се однесуваше како здрав но понекогаш ми се жалеше дека има потешкотии со дишењето, срцето и трнењето на раката. Израстокот на плешката е голем и на ренген снимката се гледа дека тој израсток се развива кон внатре кон срцето и плуќата и ребрата. Тоа е закана без оглед на тоа дали израстокот е малиген или не. Она што е опасно е што таа израслина може во секој момент да притисне некој витален орган и да му го загрози животот. Тоа ни го кажа хирургот кој исто така сугерираше итна операција.



Поради исксутвото на неговата мајка која се оперираше но сепак почина од канцер Кили беше скептичен во однос на сугетијата на докторот. Кили последните месеци од животот на мајка му ги мина со неа и секој кој во фамилијата имал заболен од тумор знае колку е тоа искуство болно и трауматично.

За идејата која ја имале со брат му да се лекува со алтернативна медицина односно со масло од канабис дознав преку интернет кога го прочитав постот на неговиот брат Мио на ФБ. Кили последните денови одеше почесето во куќата на брат му затоа што Мио беше на одмор во Грција , за да му ги храни кучињата и да ја вади градината. Од снимките објавени на интернет разбрав дека во подрумот на куќата на Мио имало и марихуана.

Не сум го видела обвинителниот акт и не знам прецизно за што го теретат. Со судскиот процес ќе се бават адвокатите јас само сакам да апелирам да му се дозволи адекватно да се лекува. Стравувам дека онаму каде што се наоѓа сега во притвор невозможно е да му се овозможи соодветен третман" вели за НОВА, Гордана Поп Христова.

Во разговорот Гордана ни зборуваше и за проблемите на Кили да се соочи и да ги прифати општествените норми и конзервативната реалност во која живееме.

"За Кили можам да кажем дека е човек со една личност за разлика од сите нас,тој е ист дома,на работа,со пријателите. Негови тајни се јавни,тој е отворен,искрен и затоа многу луге го сакаат но од друга страна овие особини придонеле тој да има стален проблем со прилагодување на општествените норми.Моите пријатели често ми кажувале дека јас имам три деца и навистина,Кили е како дете чист,наивен и често пати несвесен за реалноста на конзервативно општесво во кое живее.

Тој е мултиталентиран уметник,со огромна стваралачка енергија која мислам дека не беше доволно препознаена и искористена кај нас,тој имаше повеке понуди за работа во соседните земји него тука.Секогаш бил посветен на семејството,децата,домот,како што кажа еден од соседите,тој мравка не згазил,пријателите никогаш не ги делел по верски,социјални или партиски основи.Ниту јас ниту било кој друг не можел да го убеди дека тоа што конзумира марихуана може да го загрози,дека во нашето општесво тоа е законски санкционирано за разлика на употреба на алкохол,тутун или седативи" вели Гордана Поп Христова за НОВА

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О