Цаноски го напушти Црвенковски, се раситнува Сојузот за иднината


Партијата на Фијат Цаноски од вчера повеќе не е дел од Сојузот за иднината предводен од СДСМ. Полека се распаѓа опозицискиот фронд формиран од Црвенковски.

fijat
Претседателот на Партијата за европска иднина преку соопштение до медиумите му соопшти на лидерот на социјалдемократите, Бранко Црвенковски, дека одлучил да отстапи од коалицијата по анализите на изборните резултати.
Цаноски неколку пати веќе укажуваше дека не треба да се бојкотираат локалните избори, па незадоволен од политиките на Бранко Црвенковски, самостојно настапи во неколку општини.
- Врз основа на анализите, заклучивме дека е неопходно редефинирање на позициите што на партијата би и донеле поголем бенефит во нејзиното политичко дејствување, стои во соопштението од ПЕИ.
Во партиското соопштение, Цаноски наведува дека засега ќе дејствува политички независно.

Нодамна овој политичар се споменуваше и како можен соработник на Драгиша Милетиќ, кој во Собранието најави независна пратеничка група заедно со Либерална партија на Ивон Величковски.
Самоволието на Црвенковски е причината поради која неколку коалициони партнери му ја откажаа довербата на опозицискиот лидер. По примерот на Стевчо Јакимовски, кој му каже "НЕ" на Црвенковски, и убедливо го победи кандидатот на СДСМ Андреј Петров во Карпош, Вечер пишува дека и Жерновски му заврте грб на Бранко, и пред прегласувањето кое ќе се одржи во недела, од неговите билборди ги тргна сите партиски обележја на СДСМ

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О