Грците годинава ќе останат без македонското јагне


Поради економската криза, годинава Грција нема интерес да увезе македонско јагне. Податоците покажуваат дека за разлика од лани извозот е намален за 20 отсто и извезени се само 125.000 јагниња до 25 килограми, пред се на италијанскиот и на хрватскиот пазар.

p23-500
 Годишно во државава се произведуваат околу 200.000 јагниња, што значи дека половина од нив завршиле на европските трпези. Лани јагнешкото за велигденските празници се продаваше. Во месарниците не веруваат дека цената на јагнешкото, кое лани се продаваше по 400 денари за килограм ќе падне и покрај намалениот извоз, пишува Дневник.
- За Грците јагнешкото месо стана луксуз. Ако порано откупуваа до овој период околу 60 илјади јагниња, сега имаат купено само околу 4 илјади јагниња. Лани на грчкиот пазар поминавме малку подобро, годинава слабо. Немаат куповна моќ, нема потрошувачка на јагнешко. Всушност, не е така само во Македонија или во Грција, слабата куповна моќ веќе е карактеристика и на многу други земји во кои традиционално се пласира нашето јагне – појаснува Ристо Михајлов, сопственик на кланицата „Серта“.
Според него, околу 60 проценти од јагнињата заминале на странските пазари пред Велигден, а околу 40 отсто останале дома.
- Сметам дека и тие ќе се заколат, но засега за нив нема пазар. Ќе бараме алтернативни пазари, ќе се потрудиме дел од нив сепак да пласираме на грчкиот или на хрватскиот пазар, ама тешко оди. Дел ќе се потроши за нашиот Велигден, ама не многу поради високите цени – кажува Михајлов.
Експертите велат дека повеќе фактори влијаеле за слабиот извоз на јагнињата. Економската криза во светот и намалената куповна моќ на населението, несоодветната големина на јагнињата според онаа што ја бара пребирливиот пазар и слично.
За сточарите, пак, цената од 140 денари за килограм жива мера која ја нуделе трговците била многу ниска и не им ги покривала трошоците за производство.
Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделците вели дека цената на храната е неколкукратно зголемена, а цената за килограм јагне жива мера од 140 денари е останата на тоа ниво повеќе од пет години

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О