Нов спектакл во Германија: Може ли Реал да ја спаси честа на Шпанците?

Борусија Дортмунд и Реал Мадрид вечерва на Вестфален ќе ги одмерат силите во второто полуфинале од Лигата на шампионите.

Додека во баварскиот дел владее вистинска еуфорија по вчерашната победа на Баерн Минхен над Барселона, во централна Германија владее вистински шок и неверување помеѓу навивачите на Борусија Дортмунд откако излезе информацијата дека еден од најдобрите играчи на Дортмунд, Марио Гетце од следната сезона се сели во лутиот ривал, Баерн од Минхен.

Како и да е, да се навратиме на натпреварот вечерва. Борусија Дортмунд оствари огромен успех со пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, а Дортмунд моментално живее за фудбалот. Германците се надеваат на нов успех против Реал Мадрид, додека пак Шпанците посакуваат реванш. Борусија Дортмунд во групната фаза славеше со 2-1 против Реал Мадрид пред своите навивачи на Вестфален, додека пак на натпреварот на Бернабеу во Мадрид беше 2-2. Екипата на Јирген Клоп би била презадоволна доколку и во полуфиналето се повтори ова сценарио, меѓутоа се` е поинакво во еден дуел кој го одлучува патникот во финалето, отколку еден дуел во групната фаза.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О