Германските инвеститори задоволни, повторно би вложиле во Македонија

Деведесет отсто од германските компании кои имаат инвестирано во земјава повторно би ја избрале Македонија како нивна бизнис дестинација.

Ова го покажува анкетата спроведена меѓу на членовите на Македонско германско стопанско здружение за бизнис климата во Македонија. Дури над 50 отсто од стопанствениците планираат зголемување на нивните инвестиции како и зголемување на извозот.

Покрај позитивните деловни перспективи и подобрување на оценките од 2012 година главните критики се однесуваат на правната сигурност ефикасноста на јавната администрација и бавниот процес на интегрирање кон Европската Унија.

Сопствената деловна положба 44 отсто од компаниите ја оценуваат како позитивна, а 50 отсто како задоволителна.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О