ГАЛЕРИЈА Новиот градоначалник на Центар ја слави победата

Новиот градоначалник на Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“, Андреј Жерновски, ја слави победата од прегласувањето на вториот круг на локалните избори.

Од зградата на градската организација на СДСМ, која се наоѓа само на неколку метри од централата на ВМРО-ДПМНЕ, Жерновски со своите сопартијци и поддржувачи, возбуден и среќен, се упати кон улиците на општина Центар, за да ја прослави победата со своите сограѓани кои и по трет пат убедливо му ја дадоа поддршката.

- Мојата победа е изборена по трет пат со тоа што во првиот круг противкандидат на граѓаните им беше Владимир Тодоровиќ, во вториот круг Никола Груевски, а денеска противник на власта и беше народот. Оваа победа е јасен доказ дека волјата на народот насила никој не може да ја смени . Многу му благодарам на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, чии драгоцени совети доведоа до оваа наша заедничка победа - изјави Жерновски кога ги дозна резултатите од прегласувањето, според кои извојува победа од повеќе од 3.000 гласа од својот противкандидат од владејачката коалиција, Владимир Тодоровиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О