Мареј тргнува во лов по Ѓоковиќ

Трофејот на турнирот во Мајами му го донесе на Енди Мареј и второто место на АТП-листата, па Новак Ѓоковиќ сега е единствениот што го дели британскиот тенисер од самиот врв. Иако разликата меѓу двајцата најдобри тенисери во моментов изнесува огромни 3.620 бода, Мареј се надева дека ќе успее да го стигне Србинот и до крајот на годинава да се искачи на врвот на АТП-листата.


„За мене не прави голема разлика дали сум втор или трет, бидејќи ми е јасно дека се паметат само прворангираните светски тенисери. Фактот дека напредувам е добар знак, почнав да добивам се поголем број на мечеви секоја година, покажав константност во формата и тоа ми се одрази на ранкингот. Свесен сум дека заостанувањето зад Ѓоковиќ е огромно, но сметам дека таа разлика не е недостижна. Полн сум со самодоверба, очекувам да ги подобрам своите резултати на земјена подлога, каде лани играв под своите можности, па со самото тоа и да го подобрам бодовното салдо“ - изјави Мареј.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О