Во интернет етерот започнале вистински дебати околу тоа зошто во случајот на Путин е направен исклучок, па така, крајниот заклучок е оној дека одговорните во уредништвото на магазинот немале храброст да го прекријат лицето на рускиот водич.
Славниот американски неделник "Time Magazine" на својата насловна страница досега
објавил голем број на фотографии од многу светски познати личности, а традицијата
наложува логото на весникот да се испишува преку лицето на оние кои што позираат пред објективот, но во случајот на Владимир Путин, направен е исклучок.
Имено, за потребите на насловната страница на магазинот "Times Magazine", на која што осамнал рускиот претседател Владимир Путин, била прекината голема традиција кога станува збор за дизајнот на насловните страници. Овој преседан наишол на голем број на коментари на интернет, а еден од доминантните заклучоци е дека одговорните во магазинот немале храброст да го прекријат лицето на рускиот водиш.

