ВИДЕО: Подвижно „Хјундаи“ јајце

Vozilo500
Необично концептуално возило во облик на јајце, кое би требало да понуди сосема нов начин на возење по улиците, стигнува од компанијата „Хјундаи“.
Моделот „Е4U“ е јајцест скутер за една личност кој се движи со брзина на нормалното човечко одење.
Компанијата „Хјундаи“ го претстави возилото-скутер во облик на јајце на саемот за автомобили во Сеул.
Наместо традиционален дизајн со две тркала, овој прототип користи „ротирачка сфера“, односно го движи топчест дел кој се врти.
Возилото на електричен погон, кој тежи 176 килограми, а за промена на правецот на движењето, мора да се притисне левата папуча, додека десната служи за рикверц.
Од компанијата велат дека возењето со моделот „Е4U“, претставува незаборавно искуство.
Возачот треба да се смести на малата платформа и да управува со ова необично возило.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О