ФОТО: Охридското езеро го поткопа патот Охрид - Св. Наум


Поради зголеменото ниво на Охридското Езеро, кое е 25 сантиметри над максималната кота, дојде до оштетување на регионалниот пат Охрид - Св. Наум, во близина на селото Пештани.
Во тек е санација на патот каде се поставува нов тампон со слоеви големи и поситни камења.
 
 
 
 
За време на интервенцијата возилата беа пропуштани наизменично од двете страни на овој инаку фрекфентен патен правец.
 
 
 
Надојденото Езеро „проголта“ и дел од плажите, а поради високиот водостој на реките и обилните врнежи од дожд под вода се и поголеми површини обработливо земјиште во Охридско.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О