Крај за телефоните на Нокиа?

Некогаш најголемиот произведувач на мобилни телефони во светот, Нокиа, не успева да излезе на крај со проблемите на пазарот.

Од некогашниот лидер не остана многу. Издигнувањето на поранешната фабрика за гуми и чизми започнало во 1990 година, кога први во светот направиле телефон кој може да се поврзе со интернет. Станале светски лидер во производство на мобилни телефони кои биле најбарани на пазарот


.Со години Нокиа се истакнуваше со квалитетот на своите уреди. Меѓутоа, кога пристигна генерацијата на паметни телефони, со екрани чувствителни на допир, не можеле да пронајдат адекватен одговор. Веќе некое време Нокиа се бори на пазарот, а се претпоставува дека менаџерите го изгубиле инстинктот за иновација и нови трендови.
По првиот бран на отпуштања на вработените кој се случил пред две години, во финската компанија се очекува ново намалување на работните места.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О