Поминаа само осум дена во Големиот брат, а веќе падна и првиот секс во куќата. Ава Карабатиќ го скрши мразот со Урош, а низ порталите се рашири веста дека и нашата Анета Наковска ги имала истите активности со близнакот Жарко. Но, досега фотодоказ за тоа нема, ама затоа има за кавгите кои деновиве ги имаше Анета со останатите станари, пишува весникот Вечер.

Фолкерката Сузана Гавазова вели дека не верува оти Анета имала секс во куќата со еден од близнаците.
-Го следам колку можам и досега сум презадоволна од Анета и од тоа како се претставува. Морам да кажам дека навивам за неа и уште на влегувањето во куќата изгледаше супер, беше убаво средена, скоцкана и многу ми се допадна. Читав нешто дека паднал секс во куќата со еден од близнаците, ама не сум сигурна, а баш би биле убав пар ако навистина има нешто. Не сум за такво реално шоу, не можам да функционирам со толку камери околу мене. Како да се бањам и да одам во тоалет кога насекаде околу мене снимаат. Сега-засега не би се пријавила, вели Гавазова за Вечер.