Одвратни банкноти – колку бактерии има на парите?


Сите знаеме дека банкнотите се едни од највалканите работи на светот со кои секојдневно доаѓаме во контакт, но кога ќе дознаете колку всушност бактерии има на нив, ќе ви се згади животот!

paricki
Истражувањата покажуваат дека речиси 60% од жителите на Европа сметаат дека банкнотите се највалканата работа на светот и не погрешиле во тоа.
Независните студии кои се спроведени од универзитет во Оксфорд велат дека на една банкнота има над 26.000 бактерии!
Во тестирањето биле употребени и „нови“ тукушто испечатени банкноти, на кои имало околу 2.400 бактерии, а највалкани се данската круна и швајцарскиот франк.
Исто така, истражувањето покажало дека на банкнотите има и траги од кокаин и метамфетамин, па затоа експертите препорачуваат редовно миење на рацете, а доколку не сте во можност да ги измиете, во никој случај немојте да се допирате за лице доколку претходно сте работеле со пари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О