Груевски му ги остави спомениците на албанските дејци на Жерновски, за тој да ги поставува

Иако премиерот Груевски ги вети предвидените 3 споменици на албанските дејци Неџат Аголи, Јосиф Багери и Пјетер Богдани, сепак му ги остави да ги постави новиот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски.

Ноќта по првиот круг, по првичната победа на Жерновски, владеачката партија почна со поставување на непоставените споменици во општината, а истото го продолжи и по вториот круг. Меѓу 50-тината споменици и статуи ги нема само спомениците на албанските дејци.

Во опозицискиот табор ваквиот потег на Груевски го оценуваат како пакост и злобен чин од власта. До преземање на функцијата, владеачката партија почна преку ноќ и со изградба на седумкатница на местото каде што е нивниот централен штаб, таканаречената жолта куќа на ВМРО-ДПМНЕ и ја оградува владата за да ја преоблече во барок.

Жерновски и во кампањата, и откако победи, изјавува дека лавиринтот од споменици на градскиот плоштад ќе мора да се расчисти, и дека за некои што пречат на слободниот проток во центарот, ќе го искористи своето право да ги премести, а за останатите ќе се консултира со граѓаните преку референдум. Жерновски останува и на ставот дека мора да се направи ревизија на проектот Скопје 2014 за кого вели дека е пералница на пари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О