Почетокот на натпреварот ја донесе првата прилика за Баварците, Робен шутираше кон голот на Барселона во 2. минута, но Валдес успешно го одбрани ударот на холанџанецот. Барселона како и вообичаено ја имаше контролата на топката, но Баерн беше поконкретен. Домаќинот добрата игра ја круниса со гол во 25. минута од натпреварот. По изведениот корнер, Данте беше повисок од Алвес и ја спушти топката до Милер кој со глава биеше и погоди за водство на Баерн Минхен.
Во првиот дел Баерн Минхен иако имаше помал посед на топката, сепак беше поконкретен, а гостите од Каталонија речиси и да немаа посериозна шанса кон голот на Мануел Нојер. Таму каде што застана Баерн во првото полувреме, продолжи и во второто, но овојпат со поголем интензитет. По само четири минути игра, домаќинот го зголемува водството! Во една слична акција како при првиот гол, овојпат Милер асистираше до Гомез кој без проблем ја затресе мрежата на Валдес за 2-0.
| Што им се случи на фудбалерите на Барселона? ,,Ураганот Баерн'' немаше милост ниту за Каталонците. Екипата на Баерн Минхен е со една нога на Вембли откако вечерва со 4-0 славеше над Барселона. |

