Кирил Довидов има само 21 година, а веќе е еден од најбараните машки модели на светот.

Тој е по потекло од Русија, а со светска слава се стекна откако беше одбран за заштитно лице на „ES Collection“ и сними секси едиторијал за списанието Кавербој.
Кирил досега има учествувано на разни ревии, а светски познатите фотографи чекаат на ред за да го сликаат.
Но тој вели дека моделската кариера е негова втора љубов. Тој студира бизнис менаџмент и еден ден се надева дека ќе биде успешен во тоа поле.









