ВИДЕО Уапсен најбараниот педофил во светот

Американецот Ерик Џастин Тот, поранешен учител, кој е осомничен за злоставување и порнографско снимање деца, уапсен е во Никарагва, соопшти ФБИ. Тот беше меѓу десетте најбарани криминалци на пописот на ФБИ. Локалните жители во Никарагва го опишуваат како човек кој многу лесно се социјализирал. Тамошните власти известија дека тој веднаш ќе биде депортиран во САД, зашто во Никарагва престојувал нелегално.
Тој беше учител во едно основно училиште во Вашингтон, а разоткриен е во 2008 година, кога е најден училишен апарат што тој го користел, а на кој биле порнографски фотографии на деца. Тот потоа исчезна, а ФБИ веднаш тргна во потрага. На листата најбарани бегалци го замени убиениот лидер на Ал каеда Осама бин Ладен, а за информацијата за него ФБИ нудеше 100.000 долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О