Спектакуларна вечер во Лигата на шампионите е пред нас. Во 20:45 часот на Паркот на принцовите во Париз ќе се судрат ПСЖ и Барселона, додека пак во Минхен, на Алијанц арената силите ќе ги одмерат екипите на Баерн Минхен и италијански Јувентус.
Баерн Минхен - Јувентус
Баварците минатата сезона на својот стадион го изгубија трофејот во финалето од Челзи, а оваа сезона посакуваат најмалку полуфинале. Својата сила Баварците ја демонстрираа овој викенд кога на Алијанц Арената ја декласираа екипата на Хамбургер со 9-2.
Од друга страна пак, екипата на Јувентус која втора година по ред сигурно чекори кон титулата во Серија А, претставува вистински предизвик за секој противник во европската Лига на шампиони. Самодовербата дефинитивно им е на високо ниво после победата во италијанското првенство над својот најголем ривал, екипата на Интер со 2-1.
Последниот натпревар помеѓу Баерн Минхен и Јувентус беше одигран во декември во 2009. година. Тогаш во Торино славеа Баварците со високи 4-1.
Баерн Минхен: Нојер - Лам, Боатенг, Данте, Алаба - Густаво, Швајнштајгер - Милер, Крос, Рибери - Манџукиќ
Јувентус: Буфон - Барзаљи, Киелини, Бонучи - Лихштајнер, Пирло, Асамоа, Видал, Погба - Маркизио, Вучиниќ
