Фантастичен погодок на младиот аргентинец


Најпознатота и најпопуларно дерби во Јужна Америка е она помеѓу Аргентина и Бразил, но во Јужна Америка исто така постои уште едно големо ривалство, а тоа е помеѓу Гаучосите и Уругвај.

Аргентина и Уругвај имаат одиграно 198 меѓусебни дуели што претставува апсолутен светски рекорд, а во вторникот беше одигран важен дуел на фудбалерите под 17 години. Во прашање е кадетската Копа Америка, поточно нејзината завршна фаза која се игра по лигашки формат. Во второто коло Аргентина ја пречека репрезентацијата на Уругвај, а Гаучосите по само 12 минути игра имаа водство од 2-0.

Двата погодоци ги постигна најдобриот стрелец на турнирот, Себастијан Дриуси, а првиот негов гол беше навистина прекрасен. Сепак до крајот Уругвај направи пресврт од 3-2, а во самата завршница аргентинците се спасија од пораз и ги поставија конечните 3-3.


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О