Побарокувањето на „коцките“ на владата ќе нè чини 9,3 милиони евра

Вкупно 9,3 милиони евра ќе чини новата барокна фасада на објектот на владата на Илинденска број 2. Притоа, од зафатот Град Скопје нема да добие ништо, оти се откажа од наплата на комуналии.
Активностите за обнова на фасадата веќе се започнати, а истите ќе се одвиваат во три фази. Според проектот, ќе се направи целосна реконструкција на фасадата, во период од една година.
Идејата за измена на фасадата на објектите проектирани од светски признатиот архитект проф. д-р Петар Муличковски се соочи со серија критики во јавноста и во фелата, но тоа не ја поколеба власта да ја смени визурата на еден од најпрепознатливите објекти на Скопје.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О