Џокар Царнаев го открил мотивот за бомбашкиот напад!

Осомничениот за бомбашките напади на Бостонскиот маратон, деветнасетгодишниот Џокар Царнаев пред агентите ја открил причината поради која тој и неговиот, сега веќе покоен брат, Тамерлан Царнаев го извршиле нападот во Бостон.
Единствениот преживеан осомничен за нападот на Бостонскиот маратон, 19 годишниот американски државјанин со чеченско потекло Џокар Царнаев, пред полициските истражители признал дека мотивот за терористичкиот напад биле американските војни во Ирак и Авганистан. Веста за признанието ја објавил "Washington Post", повикувајќи се на лица блиски до истрагата за младиот Царнаев.

Во меѓувреме, повикувајќи се на извор од американското државно обвинителство, "Reuters" објави дека здравствената состојба на Џокар Царнаев е подобрена и дека сега повеќе не е "критична", туку е "добра".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О