Убавините на Охрид претставени на „Тraveloven.com“

Град бисер, сместен на брегот на прекрасното езеро, пишува за Охрид популарниот веб-портал специјализиран за патувања и туризам „Травел Овен“ (http://traveloven.com/)

Во репортажата за Охрид збогатена со фотографии од градот и езерото, „Травел Овен“ наведува дека станува збор за антички град што постоел за време на Римската империја и има многу споменици од античката култура.

Како исклучителни знаменитости се посочуваат Античкиот театар, црквата „Св. Јован Канео“, базиликата „Св. Софија“...

Охрид исто така се опишува и како центар каде што е создадена и од каде почнала да се шири словенската писменост.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О