iPhone 5 е двојно побавен од своите „андроид“ конкуренти

АјФон 5 е најбавниот смартфон меѓу најпродаваните апарати во Велика Британија, соопшти регилаторно тело одговорно за квалитетот на производите на пазарот.

Техничките тестови кои ја мерат брзината на процесорите и меморијата го ставија ајФон 5 на последното место на листата, на која се наоѓаат седум најпопуларни смартфони во Британија.

Смартфонот на „Епл“ е побавен од апаратите на „Самсунг“, како и мобилните телефони на „Сони“, ХТЦ, „Гугл“ и „БлекБери“, кога станува збор за игри, манипулации со фотографии и користење на апликации.

На прво место се наоѓа Самсунг галакси Ѕ4, кој е речиси двојно побрз од ајФонот, врз основа на тестовите извршени од регулаторното тело и кои се признати од страна на индустријата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О