Јованка не можела без македонски ќебап
Некогашната прва дама на бивша Југославија Јованка сопруга на Тито била навлечена на македонски кебапчиња – вели Арменд Салмани сопственикот на ресторанот Луксор во старата скопска чаршија.
Неговото семејство долги години се до распадот на Југославија имале кебапчилници под името Луксор во речиси сите поголеми градови.И во Белград,метрополата на некогашна Југославија биле газди на Луксор ресторанот и според кажувањето на неговиот дедо меѓу елитата во Белград била и сопругата на Јосип Броз Тито која многу често порачувала македонски кебапи оти многу ги бендисувала.
Денес, семејството Салмани има само во старата скопска чаршија ваков ресторан но со радост се секаваат на времињата кога имале популарни кебапчилници низ цела Југославија.Војната вели Салмани ,беше причина да се повлечеме и македонски кебапи да правиме само во Скопје.Тајната за вкусните кебапи Салмани успешно ја чуваат како семејна традиција,а додава и дека странците често навраќаат кај нив,токму поради квалитетот на кебапите.

