Елена, Дарко и Боки 13 денеска повторно на суд

Во основниот суд Скопје 2 во тек е судскиот спор кој го покренаа Елена Ристеска и Дарко Димитров против Боки 13.

Тие го тужат Боки поради клевета, односно поради изјавата од пред неколку години дека тие двајца се во врска.

Денеска пред судот во Скопје се појави Боки со својот адвокат, но не и Елена и Дарко. Тие двајца се претставувани од страна на нивниот адвокат.

Судењето започна пред точно една година, кога во судот повторно се појави само Боки, а продолжи денеска во 13 часот.

За денешното рочиште, повеќе во новото издание на „Екстра Ексклузив“ во 18:40 на Канал 5 телевизија.

Минатата година, после првото рочише, Боки 13 се осврна на истото на Фејсбук. Еве што напиша тогаш…
- Денеска бев на судење. Јас како тужена страна, а како тужители Елена Ристеска и Дарко Димитров!! Како што е редот, стасав на време, го испив утринското кафе, дојде мојот стручен тим кај мене дома, ме исфенираа, ме дотераа и правец на суд…и што да видам таму???
Тужителите ги нема, се исплашиле, доживеале душевна болка, преживеале стрес и сега бараат пари.
Да не беше жално, ќе беше смешно!!!
Тужен сум за клевета, конкретно за мојата спорна изјава дека Е.Р. и Д.Д. се во врска и дека се „дрндаат“ и дека девојчето е неталентирано и дека Д.Д. е лигав…и што е спорно во оваа моја изјава, хахаха, ама баш ништо…не знам зошто толку се вознемирија кога ја слушнаа вистината, па дури и ме тужеа за вистина?!?!?!?
Но, нема врска. Сум издржал јас и полоши работи…еее сега зошто сте толку големи мангупи и сакате да си играме нема проблем, од секогаш сум бил за добра игра и забава, па баш поради тоа јас лично ќе се потрудам со сите свои сили да ги докажам и аргументирам сите свои зборови за кои сум тужен и осудуван!!!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О