Во Манчестер ќе има војна – за Андрес Иниеста

Иниеста во моментов преговара со Барселона за нов договор, но проблем е огромната плата која ја бара фудбалерот од 17 милиони евра, што е пет милиони повеќе од тоа што му го понуди каталонскиот тим, 12 милиони плус три милиони бонуси. Иниеста практично бара плата колку Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, а ако случајно Барселона се согласи за такво нешто, за очекување е дека Лионел Меси, кој стигна до 16 милиони ќе бара да биде најскапо платен светски играч.

Сето ова ја става во тешка положба Барса, па двата ривали од Манчестер веќе најавуваат битка за потписот веќе во јануари, соогле дека секое одбивање на Иниеста на новиот договор, ќе значи чекор повеќе кон заминување од „Ноу Камп“. Иниеста има договор со 2015 година, па Барселона во случај кога фудбалерот одбива да ја продолжи соработката има уште два преодни рокови за да заработи големи пари на него.

И Јунајтед и Сити, иако имаат доста фудбалери на позицита на Иниеста нема да се откажат од шансата да ангажираат суперквалитетен фудбалер и дополнително да се засилат. За очекување е дека за оваа ситуација наскоро ќе се јават и ПСЖ и Монако.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О