Денеска македонската кошаркарска репрезентација на Евробаскетот 2013
во Словенија, ќе си ги одмери силите со репрезентацијата на БиХ.
Босанските медиуми денеска пред натпреварот признаваат дека нашата
селекција е фаворит и дека треба многу мака и среќа за да се совладаат
македонските кошаркари.
Селекторот на репрезентацијата на БиХ, Александар Петровиќ, за
босанските медиуми изјавува дека е добро што денеска не игра Чековски на
натпреварот: -Еден нивен многу важен играч, особено во скокот, Ѓорѓи
Чековски е повреден. Тој буквално не наполни на пријателскиот меч со 33
поени. Сепак и без него Македонија е квалитетна и се подготвуваме како
да се комплетни. Ние сме физички добро подготвени и секако се надеваме
на успех, искрен е селекторот.