Во провинцијата Бак Гианг во Виетнам, се случил инцидент кој преставува кошмар за секој.
Имено, ништо што доживеала во својот живот не би можело да ја припреми на оваа несреќа која ја доживеала една виетнамска мајка. Таа кога го слушнала својот 10 месечен син како силно плаче и вика, дотрчала до него и видела како се бори со змија отровница, со едниот прст во нејзините вилици.Инцидентот се случил во семејната куќа, откако мајката го оставила својот син во колевката во дворот и влегла во куќата. Кога го слушнала силниот врисок, излетала надвор и видела како змијата го гризнала детето за показалецот на десната рака.