Научниците потврдија: Луѓето имаат "шесто сетило"

Иако не станува збор за можноста за комуницирање со починатите, експертите тврдат дека луѓето имаат шесто сетило, таканаречено: "чувство за бројност".
Топографската карта на мозокот досега имаше подрачја кои се задолжени за примарните сетила како вид, слух и допир, но експертите успеаа да докажат дека во нашиот мозок, при броење и следење на бројки, се активира посебен дел во мозокот што се нарекува „чувство за бројност“.

Експериментирајќи врз мајмуни, експертите дошле до откритие кое покажало како се активираат одредени неурони во мозокот на мајмуните во моментот кога животното здогледува одредени количини од некои предмети.


Истражувачот Бен Харви и неговите колеги направиле истражување со помош на уреди кои им овозможуваат достапност до најситните детали во мозокот. Тие дошле до заклучок дека одредени делови реагираат на одредена бројност, а тоа потврдува и дека нашиот мозок функционира слично како старите машини за сметање.

Харви рекол дека ваквата структура на топографската карта на мозокот постои кај сите луѓе, но кај некои ова сетило е повеќе изразено, а кај некои не. Токму од таа причина некои луѓе имаат посебни способности кога станува збор за решавање на математички задачи или инстантно забележување на бројноста кај одредени предмети.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О