Сите патишта попладнево водат во Јесенице и во салата „Подмежакла“ каде што кошаркарите ќе бијат тешка битка со селекцијата на БиХ. Словенечкото гратче е полно со македонски навивачи обоени во жолто-црвени и со препознатливи реквизити. Проценката е дека ќе има најмалку 3.000 припадници на фалангата во салата „Подмежакла“. Тие дефинитивно ќе ја добијат битката на трибините против далеку помалубројниот „непријател“. На кошаркарите останува да го следат нивниот пример и со пожртвувана игра да им ја приредат најголемата радост - и на тие во салата во Јесенице и на тие што ќе гледаат преку малите екрани.