Откако компанијата Фејсбук го купи Инстаграм, овој интернет
сервис не изгуби ништо, напротив, за само шест месеци бројот на
корисници е зголемен за педесет милиони, а ова е неверојатно, ако се има
предвид дека за активирањето на првите 50 милиони профили беа потребни
19 месеци.
Од Инстаграм објавија дека нивната социјална мрежа за споделување на
фотографии достигна бројка од повеќе од 150 милиони корисници, што
дефинитивно не е во согласност со најавите на оние кои говореа дека
Фејсбук ќе го уништи Инстаграм, на овој или оној начин.