Пијан Германец со автомобил се возел во подземна железница


car500

Мартин Хубер од Германија бил уапсен откако со својот автомобил возел пијан во подземна железница во Бохум.

Хубер (27) имал три пати повеќе алкохол во крвта од дозволеното, кога бил уапсен во Бохум отткако по враќањето од забава, ја следел железничката пруга и продолжил во подземниот дел на железницата во градот.

Хубер на полицајците им рекол дека немал намера да вози по подземната железница, но кога ја увидел својата грешка веќе било доцна.

Возачката дозвола на Хубер е одземена поради возење во пијана состојба, а неговиот автомобил Цитроен Ц1 од тунелот бил извлечен со воз.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О