Пипан: Кошаркарите може да се вратат со кренати глави

Селекторот Алеш Пипан го призна поразот од Летонија. Смета дека лошиот почеток дал насока на понатамошниот тек од мечот.

Победата на Летонците е апсолутно заслужена. Многу лошо одигравме во првата четвртина, потоа се обидовме да се вратиме, намаливме на 10 поени разлика, но не беше доволно за попозитивен резултат. Сакавме да победиме со 10 разлика, но на стартот примавме многу лесни поени“, коментираше Пипан за поразот од Летонија.

Што се однесува до ефектот на „црвено-жолтите“ на Евробаскетот, Пипан смета клучни биле несреќниот пораз од Црна Гора, како и лошото издание со БиХ. Не криеше дека хендикеп беше повредата на Чековски и дека Брчков е играч кој може во иднина да игра многу позначајна улога во репрезентацијата.

Тешко е да се даде слика за настапот. Нè погоди поразот од Црна Гора, потоа против Литванија не одигравме подобро бидејќи бевме во шок. Следуваше одлично издание против Србите и покажавме дека имаме квалитет, но со БиХ се случи пад. Тоа беше наша најслаба игра летово. Ни недостигаше Чековски, кој беше наш најдобар поединец во подготвителниот период. Што се однесува до Брчков, тој одигра добро, репрезентацијата доби нов кошаркар“, рече Пипан и порача дека ова не е крај на нашата репрезентативна кошарка
.
Можете да кажете што сакате, можете да ме обвинете мене. Кошаркарите со кренати глави може да се вратат дома. Македонија имала и ќе има големи таленти. Кошарката ја напуштале и најголеми имиња, па таа продолжувала да се игра“, додаде селекторот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О